МСУ е синоним за слободна уметничка мисла

МСУ е своевидна победа на уметноста во втората половина од 20 век, но и синоним за слободна уметничка мисла. На овој значаен јубилеен ден, сакам да честитам 60 години постоење на Музејот на современа уметност – Скопје – истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчера на одбележувањето на големиот јубилеј на Музејот.

Македонската публика има ексклузивна можност по 35 години да го погледне  уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело.

-Оваа уникатна колекција на творби е подарок од уметници од целиот свет, знак на солидарност за постземјотресно Скопје. Посакувам уште многу години успешна работа, а на ентузијастите и професионалците од овој Музеј би им порачала да продолжат да водат со чисти и прогресивни идеи – истакна министерката.

Низ постојаната изложба на МСУ, присутните гости ги прошета Бојана Јанева, историчар на уметност.

Фото: Министерство за култура и МСУ

Сподели