Мозаик со обележје на музичко-сценската уметност е поставен на надворешен ѕид на Националната опера и балет. Автори на делото се мозаик уметниците Блашка Миева и Јасмина Бошевска. Станува збор за дело изработено во рамките на проектот „Мозаик – соработка во традиција и современо живеење“, што го реализира здружението „Добредојде Македонија Велкам Центар“.
– Им благодариме на мозаичарките и нивните златни раце, за нивната посветена работа и придонес во развојот на македонската културата. Му благодариме и на раководството на Националната опера и балет за поддршката – велат од здружението.