Која тајна ја крие новата Марвелова легенда? Филмот во „Синеплекс“ ќе почне од 31 март, а влезниците веќе можат да се купат во претпродажба. 

Во последните две години репертоарот на киноприкажувачите беше ограничен поради епидемиолошката ситуација, гледачите останаа ускратени за бројни наслови. Но, постојат филмови кои се толку посебни, што вредеше да се почека толку време. Еден од нив секако е „Морбиус“, велат од „Синеплекс“.

Во овој акциски трилер во кој се преплетуваат и други жанрови, карактеристичниот Џаред Лето го толкува научникот Мајкл Морбиус, кој боледува од ретко нарушување на крвта. Тој на мистериозен начин успева да оздрави, но симптомите кои не може да ги контролира, го претвораат Морбиус во ѕвер со досега невидени моќи. Некои би рекле жив вампир и проклетство. Меѓутоа, има и такви кои сметаат дека тоа е дарба што треба да се искористи, но за каква цел? Која тајна ја крие новата Марвелова легенда? Филмот во „Синеплекс“ ќе почне од 31 март, а влезниците веќе можат да се купат.

Иако на прв поглед се чини дека приказната се одвива во мрачен и помалку застрашувачки тон, не треба да се грижите. „Морбиус“ е лик кој, со своите нови навики и моќи, знае и тоа како иронично да се пошегува, особено со своите непријатели. Се разбира, тука се и други ликови кои идеално го потполнуваат светот во кој нашиот главен „јунак“ се наоѓа. Но, важно е да се напомене дека тој не е во борба само со негативците, но често и со самиот себеси. Внатрешниот конфликт и борбата за правда изгледаат како одличен заплет за „Марвеловиот“ хит што доаѓа. Ако во еден филм го имаме Џаред Лето кој повремено се претвора во ѕвер налик на вампир, што повеќе треба да посакаме?

Еден од Марвеловите најинтригантни, но истовремено и најкомплексни ликови конечно оживува на големото платно со Џаред Лето, добитник на престижната награда „Оскар“, кој ќе се преобрази во енигматичниот антијунак Мајкл Морбиус. Како последица на ретка болест на крвта, решителен да ги спаси другите кои боледуваат од сличен проблем, доктор Морбиус одлучува да направи опасен експеримент. Иако на почетокот се изгледа многу успешно, тој самиот се претвора во сè помрачна фигура.

Ќе успее ли доброто да го надвладее злото или Морбиус на крај сепак ќе подлегне на новите мистериозни пориви?

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.