„Мониторинг на православното културно наследство“ е насловот на конференцијата која денеска во 11 часот ќе се одржи во манастирот „Св. Пантелејмон“ во скопското село Нерези. Конференцијата ја организираат Македонскиот национален комитет на ИКОМОС и Македонската православна црква – Охридска архиепископија кои ќе го претстават проектот „Мониторинг на православното културно наследство“.

Присутните ќе ги поздрави Кристина Бицева, претседателка на ИКОМОС Македонија, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан, Аријан Асланај, директор на Управата за заштита на културното наследство и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз.

За „Вредностите на македонското православно културно наследство“, ќе зборува д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, а за „Улогата на МПЦ-ОА во заштитата на вредностите на православното културно наследство“, проф. д-р. Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје. За „МПЦ-ОА во медиумите“ ќе зборува Марјан Николовски, уредник и новинар.

Фотографија:  Wikipedia

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.