МОН објави како ќе изгледа новиот учебник по Природни науки за 1. одделение

Учебникот по Природни науки за 1. одделение ќе биде шаренолик, достапен и лесно разбирлив, ќе ја поттикне љубопитноста кај најмалите ученици, вели Билјана Лазаревска, една од четирите авторки на учебникот подготвен според новата концепција за основно образование. Од Министерството за образование и наука велат дека привршува подготовката на материјалите за учење по новата наставна програма. Покрај Лазаревска, во подготовката на учебникот по Природни науки учествувале и Биљана Стојановска, Соња Кирковска и Нела Слезенкова-Никовска.

– Создадовме материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците. Тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со илустации – вели Лазареска.

Билјана Лазаревска

Таа додава дека содржината е разбирлива за учениците. Преку активности и игри учениците ќе бидат воведувани наставната материја за да ги разберат аспектите на заштитата на животната средина, почитувањето, правата , интеркултурализмот, инклузијата, родовата еднаквост и слично.

– Се надевам дека овој учебник ќе овозможи поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси – вели Лазареска.

Новата концепција МОН ја изработи во соработка со Бирото за развој на образованието. Имплементацијата стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение за што се развиваат и изработуваат материјали за учење кои се целосно усогласени со новите наставни програми. Промените ќе се прават етапно, а целосната имплементација на реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години. Новите материјали за учење се изработуваат во координација со БРО, а исто така материјалот го разгледува и рецензентска комисија и универзитетски професори, велат од МОН.

 

 

Сподели