Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2021/2022 година. Кандидатите чии апликации не се прифатени, во следните три работни дена имаат можност за приговор кој се доставува до МОН. Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31 август. При сместувањето, учениците, раководствата и вработените во домовите задолжително треба да се водат во согласност со протоколот за заштита од ковид-19.
– Право на сместување во ученички дом имаат учениците запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година; државјани се на Македонија; запишани се на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење; училиштето е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење на ученикот и има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз -пишува во соопштението на МОН.
Годинава учениците за прв пат имаа избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски со пополнување на електронска пријава.
Резултатите од конкурсот погледнете ги ТУКА.
Насловна фотографија: Ученички дом „Професор Мијалковиќ“, Куманово





