Актерите Тони Наумовски и Никола Ацески играат во новиот краток филм „Мојот Њујорк“, чија премиера ќе биде вечерва во 20 часот во Синема вилиџ во Њујорк. Филмот е во режија на Олрик Браун, наградуван режисер, а ќе ја има премиерата на 20. Big Apple Film festival. Носечките улоги ги играат Каја Азим во улогата на Тања, Никола Ацески во улогата на Кирил и Тони Наумовски, во улогата на Тони.

За време на снимањето
„Мојот Њујорк“ е краток филм за македонски имигрант и за трансжена, што се дојденци во градот. Нивната случајна средба во кобна ноќ може да ја загрози нивната иднина, но дефинитивно ќе ги промени нивните животи.
– Оваа приказна е во развој веќе една деценија. Краткиот филм е како предговор на главната приказна за долгометражното сценарио. Заедно со режисерот Олрик Браун и продуцентот Чарлс Плат се потпишувам и како еден од сценаристите и еден од продуцентите. Кинематографер е Дени (Даниел) Векиони. Филмот е 17 минути и е снимен на локации во Њујорк (Менхетн и Бруклин). Во филмот се зборува главно на македонски и англиски, со помало присуство на шпански и хинду – вели актеорот Наумовски.

Тони Наумовски и Никола Ацески
Филмот е во продукција на „Висигот пикчерс“ (Visigoth Pictures) со поддршка од „Конфлуеншал филмс“ (Confluential Films).
Актерот Тони Наумовски е македонски актер кој во последните две децении се етаблира во САД.





