Книгата раскази „Мојот маж“ на Румена Бужаровска се најде меѓу десетте најчитани книги во Библиотеката на Град Белград. Хит-книгата на нашата авторка се најде на деветтото место според корисниците на белградската библиотеката, според тоа колку пати била позајмена во текот на 2021 година.
Најчитана кнога од современата преводна книжевност во Белград е „Мојата баба ви се извинува“ на шведскиот автор Фредрик Бакман, пишува danas.rs.
Еве ги другите најчитани:
2. Денови на напуштеноста од Елена Феранте
3. Човекот по име Уве – Фредрик Бакман
4. Магбет – Ју Несбе
5. Киднапирана – Тони Парсонс
6. Девојката и ноќта – Гијом Мисо
7. Селфи – Јуси Адлер Олсен
8. Библиотекарката од Аушвиц – Антонио Итурбе
9. Мојот маж – Румена Бужаровска
10. Закон за децата – Ијан Мејуан