Младиот Сергеј Сарчевски снима краток игран филм во Скопје

„Баунти“ е работниот наслов на краткиот игран филм на младиот режисер и директор на фотографија Сергеј Сарчевски чија прва клапа падна во Скопје. Филмот обработува приказна за една длабоко емотивна врска помеѓу родител и дете. Сценариото е базирано на расказ од српскиот писател Владимир Скочајиќ-Скоча.

Во главните улоги настапуваат Илија Волчески, Марија Кондовска и Александра Пешевска. Продуцент на филмот е Игор Цветковски. Снимањето се одвива во три дена на локации низ Скопје.

Сподели