Со музика за поддршка на омилената културна институција за многу генерации, Младинскиот културен центар, вчера попладнето беше одржа настанот „Сите за МКЦ“. Музичарите порачаа дека треба да се чува МКЦ, а присутните потпишаа и петиција.
Настанот беше организиран од колективот на млади музичари „Гола планина“, а причина бепе незадоволството од неодамнешните случувања со центарот и побараа МКЦ да не се политизира. Минатата недела беше променет досегашниот директор на Центарот, а беше најавено и кратење на буџетот на институцијата.
– МКЦ е нашиот мал свет, секој од нас шетал и талкал и ја барал својата причина на овие коцки тука. МКЦ е излез од целото црнило, МКЦ сме сите ние, љубов и гнев“, рече младиот музичар Мартин Џорлев, кој е дел од колективот „Гола планина“.