Митра.мк слави 5 години со многу подароци и попусти

Онлајн-продавницата Митра.мк месецов одбележува 5 години постоење. Роденденот го одбележуваат до повеќе акции за нивната публика. Велат дека нивен најголем успех во овие години е проширувањето на продажбата надвор од границите.

– Повеќе од кога било, сме фокусирани на глобално присуство, испорачувајќи квалитетни производи на клиенти ширум светот. Ова е нашата најважна мисија, а за тоа најзаслужна е нашата публика – велат од Митра.мк.

На 6 октомври веќе пончна акцијата за првиот подарок – Ariete апарат за хамбургер. За верните клиенти следуваат и други вредни подароци – Denver смарт часовник и Tesla блендер и чајник. Во текот на месецов ќе има и многу други изненадувања.

Од утре до 14 октомври има 20 отсто попуст на сите производи кои не се на попуст, со кодот Mitrafest5. Дополнително, ќе имаат роденденски цени на многу производи.

– Годинава прославата на Mitrafest 5 ќе биде посебна. Музичкиот дел од настанот ќе биде посветен на нашиот драг пријател и голем поддржувач, Мирко Попов. Во негова чест, неговите најблиски, другари и дј-и ќе создадат миксови кои ќе го слават неговото наследство. Музичката прослава ќе започне на 15 октомври, на денот на неговиот роденден – велат од Митра.мк.

Сподели