Мирослав Масин: Само историјата може да потврди дали си голем уметник

За да бидеш голем уметник треба да те проџвака историјата, да помине еден, два века. Така може да се види дали си голем уметник, рече на вчерашната прес-конференција Мирослав Масин во пресрет на ретроспективната изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам во Скопје.

Тој ќе се претстави со 150 дела, 141 слика и цртежи и 9 објекти. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Таа се надева дека публиката ќе ужива во малиот сегмент од богатиот опус на Масин кој годинава одбележува 40 години творештво. Според директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, изложбата на Масин не е само прослава на уметноста, туку и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата на уметникот чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни.

Фото: Национална галерија на Македонија

Сподели