Министерката за култура ја посети оштетената црква од 14 век во Матејче

По последните вандалски оштетувања на покривот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – манастир Матејче, потребни се итни превентивни интервенции усогласени со сите субјекти на централно и локално ниво, соопшти Министерството за култура. Споменикот за култура од 14 век денеска го посетија министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, директорот на Управата за заштита на културнити наследство, Ариан Арсланај и директорот на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани.

– Изнаоѓаме соодветни решенија за цркват активно да функционира и да се ревитализира целиот комплекс. Само во заедничка координација, преземените мерки и заштитни интервенции ќе имаат подолготраен ефект и ќе ја обезбедат потребната заштита – вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсети дека во 2021 година со пари од Програмата за културно наследство во опасност на Министерството за култура, преку надлежниот Конзерваторски центар бил ставен оловен покрив над објектот, кој беше уништев во вандалскиот напар пред Нова година.

Сподели