За директорка на Инспекторатот за македонски јазик е назначена Менче Андреева, одлучи Владата. Андреева ќе биде првиот директор на новата институција формирана пред повеќе од една година. Андреева е лиценциран лектор по македонски јазик , а досега работела во ОУ „Рајко Жинзифов“, во велешкото село Горно Оризари.
Законот за употреба на македонскиот јазик беше изгласан во Собранието лани, кон крајот на јануари. Со назначувањето на Андреева за директор на Инспекторатот за македонски јазик, се очекува да започне примената на Инспекторатот за македонски јазик треба да ја надгледува примената на Законот за употреба на македонскиот јазик во државните институции, органите на државната управа и во медиумите. Инспекторатот има задача да опоменува, но и да казнува доколку не се применуваат одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик. Тој предвидува задолжително лекторирање на документи и други материјали, но и задолжително вработување лектори во институциите и медиумите.





