Спој на традиција, култура и забава по трет пат по името „Вкуси го југот“ ќе се случува од денеска до недела во Гевгелија, годинава под титулата „Град на културата“. Кај новиот пазар, градот ќе пулсира во духот на она што југот го има како традиција во гастрономската понуда, на подготовка на домашни специјалитети подготвени по традиционални рецепти.
Предвидена и богата културно-уметничка и едукативна програма која ќе ја збогатат културно-уметнички друштва и фолк ансамбли и солисти, школата за тапани, школата за гитара, школата за танци, детскиот фестивал „Калинка“ и уште многу други, разновидни содржини за сите вкусови и возрасти.

Вечерните настапи и концерти на мноштвото млади, локални изведувачи и секако внимателно направен избор исклучиво од најпознатите македонски етно, поп и рок пејачки ѕвезди и бендови се најатрактивниот дел од програмата.
Ќе настапат: „Љубојна“, Дани Димитровска, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Антониа Гиговска, Јанг Дади… а ѕвезди не само на третата вечер туку и убедливо најголемо име на целата фестивалска манифестацијае легендарната македонска група „Меморија“ која ќе го затвори фестивалот со свој целовечерен концерт на 14 септември.
Фестивалот го поддржува Општина Гевгелија.





