„Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“

Во галеријата „Ко-Ра“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи Меѓународна музичко поетска вечер под наслов „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“, а го организира Здружението на љубители на ромската фолклорна уметност „Романо ило“. Ќе учествуваат 35 поети и писатели од повеќе земји, што се пријавиле на конкурсот во спомен на Ромите и Синтите – жртви на нацистичкиот холокауст во време на Втората светска војна.

Насловна фотографија: Википедија / Извор: Bundesarchiv, R 165 Bild-244-48 / CC-BY-SA 3.0

Сподели