Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Во Охрид почна 9. Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн на тема „Staging Ohrid’s Landscape“. Школата ја организираат Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид.

Годинашната школа ќе биде под раководство на професор Max Bosshard (Bosshard & Luchsinger Architekten) од Луцерн, Швајцарија и професор Stephan Mäder (Mäder & Mächler Architekten) од Цирих. Школата почна на 25 септември и ќе трае до 2 октомври.

Сподели