Меѓународна конференција за образование по математика, физика и сродни науки ќе се одржи од 6 до 8 мај годинава во Скопје. Конференцијата ја организираат Сојузот на математичари на Македонија, Друштвото на физичарите на Република Македонија, Институтот за математика и Институт за физика и Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборник на трудови. Повеќе информации ТУКА.
Насловна фотографија: Pixabay