Истакнати филозофи, научници и истражувачи од земјава и од странство ќе учествуваат на 6. Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“ кој денеска во 11 часот почнува во Македонската академија на науките и уметностите. Симпозиумот го организираат Филозофскиот факултет од Скопје заедно со Филозофското друштво на Македонија, МАНУ и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе..

Темата на собирот што ќе се одржува до петок во Скопје и Свети Николе е „Филозофија на меморијата“. Гостуваат филозофи, научници и истражувачи од земјава, Србија, Босна и Херцеговина, Русија, Хрватска, Словенија, Грција, САД и од Бугарија. Сипозиумот ќе се одвива во хибридна форма (како класична конференција со физичко присуство и преку Zoom – онлајн платформата). Заинтересираните може да се приклучат ТУКА. 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.