Медали за Јан Стојановски и Андреј Стојановски на студентски натпревар по математика на Кипар

Јан Стојановски и Андреј Стојановски освоија сребрен и бронзен медал на престижниот студентски натпревар по математика SEEMOUS 2026 што се одржа во Пафос, Кипар. Двајцата се студенти на Природно-математичкиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Јан студира два факултета паралелно – теориска математика и теориска физика, а Андреј е студент на теориска физика.

Македонскиот тим го предводеше м-р Стево Ѓоргиев, асистент на Институтот за математика при ПМФ. Тој активно учествуваше и во меѓународното жири за избор на задачите, како и во организацијата на натпреварот во улога на локален координатор. Домаќин на натпреварот беше Здружението на математичари на Кипар.

Сподели