Маврово денес повторно во знакот на „Халк вело грин“

Во Маврово денеска ќе се одржи традиционалната хронометар велосипедска трка „Халк вело грин“, која веќе шеста година по ред ја организира Халкбанк во рамките на својата еко платформа – ХалкЕко. Со цел непречено и безбедно одвивање на трката,  сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот „Спорт“ до Леуново во двете насоки, во периодот од 09:00 до 16:30 часот. Почетокот на трката е закажан за 10 часот, а стартната и целната позиција ќе биде паркингот пред хотел „Спорт“.

Како и секоја година, така и сега, настанот ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот, од најмалите учесници, преку рекреативците, до професионалните натпреварувачи. Средствата од котизациите традиционално се наменуваат за пошумување, а така ќе биде и овојпат. На тој начин, спортскиот настан „Халк вело грин“ останува верен на својата екомисија и претставува пример како спортот и општествената одговорност можат да одат рака под рака.

„Халк вело грин“ не е само спортски предизвик, туку и вистински празник на спортот, природата и дружењето. Покрај возбудливите натпревари, во текот на целиот ден учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во свежиот воздух, убавините на Националниот парк Маврово и во атмосфера исполнета со позитивна енергија. За сите гости, поддржувачи и пријатели на велосипедистите е подготвена и забавна програма со Викса, ди-џеј Oky Doky, Jojo’s BBQ и маскотата на Халкбанк – Халки, кои што ќе ја направат манифестацијата уште поубава и незаборавна.

Сподели