„Џезтетика“ е насловот на книгата со фотографии од Татјана Ранташа која ќе биде промовирана в сабота (5 март) во 13 часот, на платото пред Младонскиот културен центар во Скопје. Книгата е облагородена со текстуалните варијации на писателот Александар Прокопиев. Матине-промоцијата е замислена како убаво и опуштено дружење и ќе трае сè додека владее добро расположение. Во тоа ќе придонесе ЗЏМ-Колективот и Ален Хаџи-Стефанов преку радиото Џез ФМ.

Книгата се состои од портрети на педесетина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Ранташа, професионален фотограф што ги бележи позначајните музички настани во Скопје.

– Оваа збирка фотографии е производ на долгогодишно „висење“ на авторката по концерти, клубови, проби и дружење со музичарите, еден цел живот испреплетен и оплеменет од нашата музика. Фотографиите се медиум што на гледачите им ја пренесува магијата на музиката, но во исто време се и документ за едно време, луѓе и настани од нашето блиско минато, а самата книга е своевиден печат и спомен на она што сме го поминувале и доживувале на нашата музичка сцена сите овие години – пишува во соопштението на МКЦ.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.