„Матица македонска“ со попуст на сите книги за македонскиот национален идентитет

По половина цена се продаваат сите изданија на „Матица македонска“ посветени на македонската историја, археологија, јазик, книжевност, уметност, архитектура и воопшто на македонската култура. Попустите се во чест на празникот Илинден и ќе траат до крајот на август.

– Попустот се однесува на сите изданија посветени на македонскиот национален идентитет. Сите клучни книги за Македонија ќе може да се дел од библиотеките во секој македонски дом, за сегашните и за идните генерации – велат од „Матица македонска“.

Сподели