Во чест на меѓународниот ден на математиката, 14 Март, Сојузот на математичари на Македонија организира математички државен електронски натпревар „Пи-ден 2026“, кој ќе се одржи на 15 март годинава. Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред. Така учесниците ќе може да пристапат до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите, односно:
– од 1 до 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот;
– од 6 до 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот;
– од прва до четврта година и над 18 години, има пристап до системот во 14 часот.
Пријавувањето на натпреварувачите се врши на линкот и трае до 12 март година до 23 часот и 59 минути.





