По повод промоцијата на веб-страницата за македонскиот куклен театар kukla.mk, вечерва во 18 часот во „Колектив Ветерница“ ќе се одржи мастерклас со Кирил Василев на тема „Симбиоза помеѓу куклата и аниматорот”. Кирил Василев е професионален куклар вработен во Театарот за деца и младинци и има изработено кукли и сценографија за над 40 театарски претстави.

Заинтересираните може да се пријават за учество со директна порака или на меил [email protected]. Влезот е бесплатен, а бројот на пријави е ограничен според ковид протоколите за организација на настани од ваков тип.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.