Акцијата што ќе се организира викендов е дел од десетгодишниот проект „Зелена сончева“ што го спроведуваат Гордана Софија и Ханес Јаецкл, продуцент од Австрија кои ја основаа австриско-македонската компанија „Мен енд маунтен“
Масовно чистење на ѓубрето викеднов ќе се случува во 26 општини во Македонија. „Генералка викенд“ е најголемата акција за чистење и селектирање отпад и годинава ќе се организира од 6 до 8 мај. Акцијата е дел од десетгодишниот проект „Зелена сончева“ што го спроведуваат Гордана Софија и Ханес Јаецкл, продуцент од Австрија кои ја основаа австриско-македонската компанија „Мен енд маунтен“.
– Иницијативата „Генералка викенд“ прерасна во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад во историјата на земјава, а и на Западен Балкан. Лани беа вклучени десет општини, учествуваа 1.000 регистрирани волонтери и собравме 175.000 килограми отпад од кој дел беше рециклиран. Годинава се вклучени 26 општини меѓу кои и Град Скопје со што опфаќаме повеќе од 1,2 милион жители – велат од „Мен енд маунтен“.

Според нив, ова е единствената акција каде се вклучени сите слоеви на општеството, без разлика на политичка, религиска, родова, возрасна и национална позадина. Целта е да ја исчистат нивната непосредна околина, да го соберат отпадот и да рециклираат вложувајќи во зелена иднина за нас и за идните генерации.
Целта е акцијата да премине во традиција за подигнување на еко-свесноста кај граѓаните и еколошка обнова на земјата. На 6 мај ќе се чистат: Аеродро, Берово, Битола, Скопје, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Сарај, Теарце, Велес и Валандово.
На 7 мај се превдидени акции во: Берово, Битола, Босилово, Демир Капија, Гостивар, Крушево, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип, Велес и Театрце.
На 8 мај ќе се собира отпадот во Гевгелија, Ѓорче Петров, Струмица и во Театрце, на 9 мај во Дебар, а на 17 и 18 мај во Шуто Оризари.
– Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и придонеси за поздрава и позелена иднина за сите! Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе биде однесен до најблиската „Пакомак“и локална станица за отпад. Со секои 10 килограми отпад Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе донира по едно дрво, една садница, што ќе бидат засадени во област каде ќе расте шума – велат организаторите.

Од „Генералка викенд 2021“
Во акцијата се влкучени и „Пивара Скопје“, „Пакомак“, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.
Во минатогодишната акција беше собран отпад на повеќе од 70 локации во земјава и тоа: 5.350 кг. пластика, 3.955 кг. хартија, 73 кг. лименки, 2.038 кг. стакло, 360 кг. електронски отпад, 163.405 кг. комунален отпад.
– Секој учесник, од дете до возрасни, собра во просек 11,8 кг. отпад со своја рака! Армијата заедно со општините, невладините организации и спасувачките екипи собраа повеќе од 726 кубни метри разновиден отпад со просечна проценета тежина од 225 кг. по кубен метар – велат организаторите.





