Претставата „И коњите ги убиваат, зар не? на Битолскиот театар ја освои Гран-при на 16. меѓународен фестивал „Јоакимфест” во Крагуевац. Претставата е во режија на Мартин Кочовски, а улогите ги толкуваат: Илина Чоревска, Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Марија Стефановска, Филип Мирчевски, Анастазија Христовска, Живко Борисов, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.

Сцена од претставата „Само глас“

Марјан Неќак, пак, е добитник на специјалната награда на Градот Крагуевац фестивалот. Тој е награден за извонреден музички концепт во претставата „Само глас“ во продукција на Македонскиот народен театар.

– Музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста. Ова е ретко дело во кое музиката е потполн партнер и на глумецот и на текстот и на режијата и на сценографијата и на филмот. Доминантен партнер – образложило жирито, соопшти МНТ.

Насловна фотографија: Народен театар Битола

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.