Марија и Иван Јаневски од Куманово им ја честитаа 2024 на лицата со интелектуална попреченост

Брачниот пар Марија и Иван Јаневски од Куманово со торти им ја честитаа Новата година на корисниците со интелектуална попреченост во здружението „Порака наша“. Тие пак им се заблагодарија со честитки кои сами ги изработиле. Јаневски лани им подариле 200 еклери и се обидуваат секоја година околу новогодишните празници да направат нешто хумано.

– Ние имаме доволно за нас и нависти сме среќни кога можеме да израдуваме некого – велат тие.

Јаневски пред неколку години одбележаа 50 години од брачниот живот со желба сите поканети гости да им донесат детски играчки за подарок. Сите играчки со нивната дополнителна донација ги подарија на Детската клиника во Скопје.

 

Сподели