Искусни претприемачи, извршни директори и партнери од врвни акцелераторски програми ќе учествуваат на годинапниот Longest Pitch Marathon кој ќе се одржи во Скопје на 20 и 21 мај. Покрај многу забава и панел-дискусии учесниците ќе имаат и непроценливи можности за вмрежување.
На минатогодишниот маратон со 65 презентирани идеи, 30 говорници и 20 присутни инвеститори беше соборен Гинисовиот рекорд за најдолга бизнис презентација. Лани петте победнички стартапи добија инвестиција од 25.000 евра, што докажува дека Longest Pitch Marathon не е само настан за презентирање на идеи, туку поле за лансирање успешни бизниси. Целта на годинашниот маратон е да ги надмине тие достигнувања и да поттикне уште повеќе револуционерни соработки, поттикнувајќи екосистем на иновации и успех на Балканот.
– Сакаме да бидеме дел од револуционизирањето на европската технолошка сцена. Нашата мисија и оваа година е да ги открива скриените скапоцени камења на Балканот. Ова е одлична шанса да ја искористете можноста да ја обликувате иднината на растечкиот технолошки центар во Европа и да го откријте следниот unicorn – вели Сања Митровска.
Повеќе детали за регистрирање како учесник или да се пријавите како говорник има на линкот.





