Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки, Александар Димовски, Сашко Кедев и Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки се новите редовни членови на Македонската академија на науките и уметностите. Тие беа избрани вчера на 20. изборно собрание на Академијата.
За дописни членови на МАНУ се избрани Веселинка Лаброска и Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки, Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и Венко Андоновски во Одделението за уметност.
За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, Наташа Јоновска и Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.