На Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 13.30 часот Македонското научно здружение за аутизам ќе одбележи 25 години од основањето.
– Во 2000 година, со силна волја и визија, група истакнати професионалци ја иницираа идејата за создавање здружение што ќе работи на унапредување на условите за живот, едукација и инклузија на лицата со аутизам. Од тогаш па наваму, МНЗА растеше, се развиваше и стануваше сè поголем столб на поддршка и промени во македонското општество – вели проф. д-р Владимир Трајковски, претседател на здружението.
Во изминатите 2,5 децении здружението организирало десетици семинари, симпозиуми и меѓународни конференции со домашни и светски експерти, 50-тина вебинари со водечки специјалисти во областа на аутизмот, обезбедувале бесплатни дијагностички услуги и советување за семејствата на деца со аутизам, учествувале во 20 меѓународни истражувања и проекти и др.





