Филмот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм за 2023 година, соопшти Друштвото на филмски работници на Македонија.
– Одлуката на Комисијата за избор при ДФРМ е ифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука – соопштија од Друштвото.
Во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите: „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски и „Мими“ во режија на Даријан Пејовски.





