Ивана Здравкова е оперска пејачка која во моментот живее и работи во Австрија и од 2016 година е дел од ансамблот на Театар Баден. Во април ќе настапи во Скопје.
„Најдобрата музичка изведба ја понуди Ивана Здравкова“, „Ѕвезда во подем“, „Со својата длабочина, својот израз и со нејзиниот прекрасен лирски сопран ја има идеалната симбиоза“… ова се само дел од критиките што во медиумите излегоа деновиве по премиерата на операта „Кармен“ на театарот Баден, во која една од главните улоги ја толкува и македонскиот сопран Ивана Здравкова. Таа ја толку улогата на Микаела, една од четирите главни улоги и без разлика што не пееше насловна улога, таа доби најголеми аплаузи и овации, а медиумите покажаа голем интерес за неа. „Кармен“ ќе се игра вкупно 12 изведби.
– Улогата Микаела е всушност девојка од село која доаѓа во далечен град да го спаси својот сакан од лошата иднина и судбина со слободната Кармен. Таа е млада девојка со чисто срце, повлечена и културна, која сепак со огромна храброст и силна вера во Бога се движи напред кон овие предизвици. Јас се пронаоѓам во личноста на хероината и верувам дека токму затоа толку успешно ја толкувам и публиката ја допира, бидејќи сето тоа искрено го пренесувам, без да треба нешто посебно да глумам – вели таа.
Ивана Здравкова е оперска пејачка која во моментот живее и работи во Австрија и од 2016 година е дел од ансамблот на Театар Баден. Нејзините почетоци со музиката и уметноста воопшто започнуваат од рана возраст. Посетува часови по балет и клавир во Мелбурн, Австралија, а во Скопје настапувала по детски музички фестивали и во повеќе хорови. Со запишувањето во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ започнува да учи соло пеење во класата на проф. Ѕвезда Дамовска, а по нејзиното пензионирање во класата на проф. Александра Коцевска.
По матурирањето се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Муратовска, а дипломира во класата на проф. Весна Ѓиновска Илкова.
Сега e магистер со почести на отсекот музички театер/ппера, со завршени студии во Грац, Австрија во класата на проф. Јоана Боровска Исер и воедно својот магистерски труд „Клеопатра од операта Јулиус Цезар од композиторот Хендел“ станува публицирана книга 2014 год.
Таа за Умно.мк најавува дека во април треба да настапи во Скопје, заедно со камерниот оркестар на Васил Атанасов – Скопски солисти, под диригентство на Бисера Чадловска.
Критиката за нејзиниот настап напиша:
– Најсилен впечаток на вечерта остави сопранистката Ивана Здравкова, која пристојно се прослави за неа, и тоа не само со последниот аплауз, туку и со нејзината трогателно изведена арија, во која го претстави Дон Хозе, кого искрено го сака, од друштвото на шверцерите и сака да се спаси од прегратките на Кармен. Вокално и актерско, таа е идеално олицетворение на верната невиност на земјата, а со тоа и целосна спротивност на насловниот лик. Начинот на кој таа се однесува силно и бестрашно, прикривајќи го својот внатрешен страв и барајќи помош одозгора, ви влегува под кожа.
Или медиумот К.А.Т:
Како ѕвезда во подем- Ивана Здравкова во прилично неблагодарната улога на Микаела го жнееше завршниот аплауз: со право, затоа што на измачената селанка и дава идентитет преку израз и интимност без да изгледа вештачки. Некој речиси би помислил да го преименува делото.
• IOKO култура онлајн
Уметничкиот директор Лакнер веќе и довери соло улоги на македонско-австралиската сопранистка Ивана Здравкова, која пред неколку години беше член на хорот на Баденската сцена, а сега во улогата на селанката Микаела, која убедливо ја отелотвори. Со нејзиниот прекрасен глас, особено во средниот опсег, таа е идеален актерски лик за срамежливата, невина противничка на Кармен. Нејзината арија во третиот чин особено ја допира публиката, затоа што го наоѓа среќниот медиум помеѓу енергичните и деликатните тонови. Со право и се упатуваат многу браво извици. Во иднина може да се очекуваат улоги како Лиу, Дездемона или Мими од Здравкова и да им се предложи на нејзините уметнички директори да ја распоредат во нив.
Македонско-австралиската пејачка, која е добитник на многу меѓународни награди, веќе блесна во голем број улоги на Баденската Сцена, на пример како Анина во „Една ноќ во Венеција“ или како „Царицата Јозефина“ во Летната Арена. Станува збор за откритие на уметничкиот директор Мајкл Лакнер, кој случајно го продолжи договорот на сцената во Баден за една година до 2025 година по „многу добро убедување одозгора“.
Ивана Здравкова ги има толкувано улогите како самовила во драмата на Шекспир „Сон на летната ноќ“ во режија на Коле Ангеловски, со премиера на „Охридско Лето“ 2008 год. и репризи во Албанија и Скопје во Драмскиот Театар, улогата на Папагена во „Волшебната Флејта“ од Моцарт во режија на Урсула Хорнер со премиера во МОБ -2009 година, улогата на Моника во операта „Медиум“ од Меноти 2011год. и Каролина во операта „Таен Брак“ од Чимароза, на Универзитетот во Грац 2012 год., пракса во Оперската Куќа во Грац за 2012 година во операта „Дидо и Аенеас“ од Пурсел како Дидо и Белинда, улогата на Олимпија во „Хофманови приказни“ од Офенбах на отворањето на Мајските оперски вечери и многу други.
Добитник на бројни стипендии во Австрија и Македонија, како и стипендијата Best of South East од Sparkasse Bank, за мастер студии во Грац, Австрија, за 2011/2012 година, како единствен соло-пејач од цела Југо-источна Европа.
Фотографии: Кристијан Хусар