Во рамките на 9. издание на фестивалот „АртАреа“ вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржи панел-дискусија на тема „Македонската алтернативна музика низ годините“. Модератор е Јане Алтипармаков, а панелисти се Васко Марковски, Елеонора Стојановиќ, Раде Биковски, Филип Букршлиев и Ивица Димитријевиќ.
Во 20 часот ќе се одржи проекција на видеоарт омнибусот „The Hip – Reality Overdrive“ од Алтипармаков. Следува соло-концерт Мартин Џорлев, џем-сесија на колективот „Гола планина“ и концерт во живо на Mallard.





