Македонска рок симфонија во Битола

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола задутре (28 април) во 19 часот, Камерниот оркестар на Битола ќе одржи концерт со најдобрите македонски рок хитови.

Македонска рок симфонија е концерт на кој присутните ќе чујат рок хитови од Архангел, Леб и сол, Ареа, Лева патика и други. Со оркестарот ќе насташат и Дани Димитровска, Ружица (Ареа), Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет.

Сподели