Седуммина патници ја преживеаја стравотната автобуска несреќа во која загинаа 46 државјани на Македонија на автопатот „Струма“ во Бугарија. Медиумите јавуваат дека меѓу загинатите има и деца. Преживеаните се надвор од животна опасност. Несреќата се случила два часа по полноќ, кај селото Боснек, околу 40 километри јужно од Софија. Државниот врв веќе е во Софија.

Во Македонија е прогласена тридневна жалост. Заклучно со 25 ноември (четврток) се одложуваат сите јавни настани. Со почит кон жртвите, Умно.мк во деновите на жалост нема да ги објавува предвидените содржини кои се одложуваат до петок. Длабоко сочувство до роднините и семејствата на загинатите.

Насловна фотографија: Youtube

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.