Македонија и годинава учествува на Европската женска математичка олимпијада, која годинава се одржува во Порторож, Словенија. Од вчера до 19 април, боите на нашата земја ќе ги брани тимот предводен од проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и заменик водачот Ерблина Зеќири, двете од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Македонскиот тим го сочинуваат три ученички на Математичко-информатичката гимназија од Скопје – Емилија Николовска, Ивона Зикова (двете во трета година) и Сара Тошевска – (втора година) и Миша Веселински, ученичка во втора година во ПСУ „Јахја Кемал – Скопје“.
Македонија на овој натпревар учествува од 2015 година. Минатата година репрезентаткивите на нашата земја освоија две бронзи и една пофалница.





