Младите таленти со својот адреналин дадоа возбудлива нишка на концертот на Националниот џез оркестар во Македонскиот народен театар во Скопје. Професионалците-сениори настапија со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.
– Оваа млада генерација на џез уметници ќе генерира нова млада публика, и ќе продолжи да ја негува џез културата која има блескава традиција во нашата држава – велат од Националниот џез оркестар.
Концертот понуди иновативни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез-таленти о покажаа најдоброто, рамо до рамо со професионалните џез музичари кои тврдат дека имаме плодна почва за создавање на нова генерација расни џез музичари кои ќе го продолжат континуитетот на врвна професионалност на Националниот џез оркестар.
Младите стапнаа на сцена со професионалците. Ова е само прв од концертите што допрва ќе следат.
Фото: Маја Аргакијева