Македонија низ археологијата: Тетовска менада

Менадата е мала метална фигурина и датирана е помеѓу 500 и 470 година пред новата ера. Пронајдена е во 1933 година во Тетово, на ул. Штипска во близина на Балезовата чешма каде бил евидентиран археолошки локалитет. Менадата претставува придружничка и следбеничка на богот на виното Дионис. Денес е дел од колекцијата на Археолошкиот музеј во Скопје.

Извор: Археолошки музеј на Северна Македонија

Сподели