За нејзиното дело Skin, уметницата Маја Кировска ја доби интернационалната награда A’ Design Award. Таа го доби признанието во категоријата Fine Arts and Art Installation Design“ за периодот 2023-2024.
На истиот натпревар, уметникот Никола Евтимов доби награда во категоријата Digital Art. Тој го доби признанието за неговата илустрација Buky.