„Мачката Елеонора“ вечерва и утревечер во МКЦ

Претставата „Мачката Елеонора“ по монодрамата на Карен Јес, во продукција на „Тииит“ ќе биде изведена вечерва и утревечер во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Перформансот е со авторски текстови од коавторките и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Коавторки се: Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Катерина Шекутковска.
Настапуваат: Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус.

Како може да се замисли индивидуална и колективна трансформација поаѓајќи од невозможноста за дијалог и од поразителната недоволност на јазикот и зборот? Монодрамата „Мачката Елеонора“ на германската авторка Карен Јес нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Токму овие аспекти стојат во фокусот на перформансот „Мачката Елеонора“. Навидум линеарниот процес на трансформацијата од човек во мачка, како и на наративниот развој на перформансот е воден од принципот на сплотени контрадикции. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Во работата на интердисциплинарната група авторки се преплетуваат пристапи од изведувачките и визуелните уметности со теоријата и книжевноста. Во фокус на нивната автентична практика стои токму комуникацијата меѓу дисциплините и истражувањето на можностите за методски и содржински трансфер од едната во другата. Преиспитувањето актуелни феминистички и родови прашања и политики, како и потрагата по простор за вонинституционално креативно

Сподели