Маалски фестивал викендов во Скопје

Во Паркот на франкофонијата во Скопје и Во КСП „Центар-Јадро“ викендов се одржува 3. издание на Маалски фестивал. Работилници, базари, концерти, саем на книги предавања ќе траат до утре. Фестивалот беше отворен синоќа со изложба „Пет години КСП Центар – Јадро“ и концерт на Букршлиев/Томевски, „Мојра“, Спировски/Новковски/Танасковски/Џорлев.

– Не само што изданиево е трета среќа, туку годинава славиме и јубилеј – „Пет години КСП Центар Јадро“, која ја потврдува визијата дека нашата приказна се создава колективно. На изложбата, присутните ќе можат одблиску да ги засведочат сите изложби, концерти и културни настани кои се одржале во изминативе години во „културното јадро“ на Дебар Маало. Низ годините работење и дејствување, просторот постојано се трансформира и адаптира со цел да ги поддржи динамичните процеси и потреби на културната сцена – велат од КСП „Центар – Јадро“.

Повече информации за фестивалската програма на линкот.

Сподели