Љубица Солак ја доби наградата „Борислав Траиковски“ на ДЛУБ

Уметницата Љубица Мешкова Солак ја доби наградата за најдобро ликовно остварување „Борислав Траиковски“ на годинашната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола. Уметниците Тони Попов и Мартин Јакимовски добија пофалници за особено ликовно остварување. Наградите беа доделени синоќа во Офицерскиот дом.

Тони Попов

-„Важно е сликата да живее, да има една сила, една експресија. Ако една слика не живее, тогаш таа слика не е вредна“ – рекол некогаш уметникот Борислав Траиковски.
Изложбата на Друштвото на ликовни уметници од Битола (ДЛУБ) претставува духовна материјализација, белег на одредено културно егзистирање, пресек на разновидни креативни остварувања во современи ликовно-естетски рамки и со одреден предзнак (принцип): хетерогеност во зачувување на класичниот ликовен концепт на комуникација – вели Лиљана Христова.

Мартин Јакимовски

Сподели