Лидија Димковска – прва гостинка во обновениот читачки клуб на Europe House Скопје

Првата средба на обновениот читачки клуб во Europe House во Скопје ќе започне вечерва во 19 часот со Лидија Димковска и нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Романот неодамна ја доби престижната награда „Роман на годината“ во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“. Модератор на разговорот ќе биде Александар Маџаровски – Читачот.

„Единствен матичен број“ е четврти роман на Лидија Димковска, издаден во 2023 година во издание на ТРИ. Во овој роман таа низ една семејна приказна се зафаќа со темата на идентитетот, миграцијата, современaта дистописка изолираност и алиенација содржани во поимот „пустелија”.
Добрата литература и добрите романи не треба да бидат ‘чудо за три дена’ и за нив треба да се разговара и дискутира. Затоа ве покануваме да ни се придружите на оваа средба без оглед дали сте го прочитале романот или не.
Пријавете го вашето присуство на следниот ЛИНК.

Сподели