Писателката Лидија Димковска ќе гостува во Амфитеатарот 1 при Филолошкиот факултет во Скопје денеска во 12.30 часот. Ќе биде промовиран нејзиниот роман „Единствен матичен број“, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023г.
Осврт за романот и разговор со авторката ќе поведе д-р Елизабета Шелева, редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност и
д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Катедрата за македонска книжевност и култура. Со свој есеј ќе се обрати Ивана Јовановска, поетеса и филолог. Настанот е од отворен карактер.