Меѓународниот ден на лицата со аутизам, 2 Април, Националната галерија на Македонија традиционално го одбележа со инклузивни креативни работилници. Децата од повеќе училишта, „Невена Георгиева-Дуња“, „Св. Климент Охридски“, ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и студентите од Машинскиот факултет, отсек индустриски дизајн заедно работеа на изработка на „хотели за инсекти“. Изработените творби треба да бидат подарени на скопската Зоолошка градина. Едукатор во проектот e Маја Димитрова.
– Ваквите проекти се значајни не само за подигнување на јавната свест за лицата со посебни потреби, туку и за подигање на колективна свест и одговорност за природата воопшто. Климатските промени и катастрофи неминовно наменуваат едукација на најмладите на тема одговорно управување со природата – велат од Националната галерија.
Фото: Национална галерија на Македонија





