Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, од вечерва во 21 часот ќе се прикажува и во Кинотеката во Скопје. Филмот ќе игра во следните денови: 4, 16, 17, 18 и 20 ноември со почеток во 18 часот.
Сценариото е на Александар Русјаков, а играат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски. Наменет е за публика над 16 години.
Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов, и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.
Повеќе за програмата за ноември во Кинотеката, повелете на следниот линк.





