ЗЏМ Биг Бендот ќе одржи концерт „ЗЏМ свири Леб и сол” на 9 декември (20 часот) во Националната опера и балет. Ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол,” со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.
„Леб и сол” е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 1 јануари 1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја.
Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на “Леб и сол,” иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонеле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.
Билетите може да се набават онлајн на следниот линк.