Библиотеката на манастирот „Св. Јован Бигорски“ се збогати со стотина стари книги од селото Лазарополе. Иницијативата е на Црковниот одбор на црквата „Св. Георгиј Победоносец“ во мијачкото село, каде досега се чувале книгите.
Донацијата се состои од библии, требници, минен и друго, во најголем дел од 19 век, напишани главно на црковнословенски јазик. Во најскоро време книгите ќе бидат исчистени од прашина и од штетниците и ќе бидат соодветно складирани во библиотеката во Бигорскиот манастир.





