„Лагата“ на МНТ на театарски фестивал во Дебар

Македонскиот народен театар со претставата „Лагата“ вечерва во 19.30 часот ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“ во Дебар. Претставата од Флоријан Зелер, e во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

Покрај учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Јордан Симонов за улогата на Павле, го доби највисокото актерско остварување, лауреат, ова е второ фестивалско учество на претставата. Фестивалската програма започна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година. Во натпреварувачкиот дел од програмата учествуваат седум претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и од САД.

Сподели